“Laughter is timeless. Imagination has no age. And dreams are forever.” - Walt Disney
Léonard Combier e 24-годишен француски сликар и илустратор кој живее во Берлин. Овој самоук уметник зема обични пасоши униформирани како северно кореански фризури и ги преобразува во листови хартија исполнети со цртежи, цитати, ситни детали. Секоја чкртаница внимателно пресметана го сецира пасошот на стотици форми кои градат различни приказни.
Херојот во оваа приказна е силната желба да се убие досадата на едно предавање на факултет. Combier посакал да црта ама немал на што па во ситуацијата како алтернатива послужил пасошот на неговиот другар.
Со ова внимание на детали - доведено до крајност - уметничките дела на Léonard Combier се направени за да бидат истражени под лупа. Тие прикажуваат изобилство на мали карактери и фрази кои никнуваат од секаде.
Постои неспорна доза на црн хумор за кој Combier изјавува" Мојата цел е да го анимирам гледачот и да го однесам во мојот свет. Сакам од секое дело да направам лавиринт , во кој секој би можел да скита и открива сите дупки и шуплини".
Овој процес го споредува со тетовирање, затоа што овој документ ќе биде ишаран со цртежи кои ќе живеат како тетоважа до истекот на важење.
На "кожата" на оваа меѓународна потврда на личниот идентитет, може да се сретнат смешни, морбидни чудовишта , вонзенмјани, микроскопски форми, очни јаболка кои совршено се инкорпорирани во склоп со постоечките печати.
![]() |
“I really like the idea of having my drawings on the most official document of someone I don’t know" |
Добрата вест за крај. Блогот Doodlers Anonymous испрати отворена покана за сите оние кои имаат валиден пасош да му го испратат по пошта и иако неговите дела се продаваат помеѓу 200-5000евра, тој оваа услуга нема да ја наплати. Она што ги прави овие илустрации посебни е тоа што не висат во галерии, туку во нечии џебови, фиоки..
Единствениот услов е валидноста на пасошот , затоа што сопственикот ќе ги има цртежите на дофат барем во наредните 10 години.
Combier вградува смели пораки во неговите цртежи кои ја тестираат острината и смислата за хумор на граничните офицери: "Je suis trés fourbe!" -"Јас сум многу лукав" веднаш под сликата за виза ; или "Je n’ai pas le droit d’ecrire sur mon passeport, donc arretez moi et faites moi aller en prison tout suite” - Јас немам право да пишувам на мојот пасош, па запрете ме или ставете ме во затвор веднаш ; или, едноставно, "Апсете ме ве молам, сакам да одам во затвор сега."
Иако не се дозволени никакви промени на патните исправи досега на никој не му бил забранет влезот во друга држава.
Зa Combier..
На прв поглед, неговите платна изгледаат како еден простран неред, но кога гледачот се приближува, тој постепено се нурнува во цртежите и може да види подалеку од LSD шаренилото. Кога ќе се помине преку адреналинот на боите кои доминираат на преден план тогаш се открива бескрајната дисперзија скриени детали.
На прв поглед, неговите платна изгледаат како еден простран неред, но кога гледачот се приближува, тој постепено се нурнува во цртежите и може да види подалеку од LSD шаренилото. Кога ќе се помине преку адреналинот на боите кои доминираат на преден план тогаш се открива бескрајната дисперзија скриени детали.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.