Sunday, March 22, 2015

"Art Basel"-Масовен уметнички аџилак


Ако порано уметноста себично се чувала  под сентиментален притвор во  музеи и галерии , пред извесно време нивните сопственици  доживеале просветлување, или затоа што помислиле дека смислата да се биде во служба на уметноста не е само за арт фанатици, или биле комерцијално мотивирани.  Сеедно, Art Basel е местото каде на едно место се наоѓа дел од иновативноста на многу креативни умови,  што сигурно е премногу да се апсорбира одеднаш.



Приказната за Art Basel започнува вака, си биле неколку галеристи кои живееле во Базел. Во 1970-та година  како револт спрема тогашниот саем за меѓународно изложување на модерна и современа уметност- германскиот Art Cologne, одлучуваат како замена за изгубеното време во јадосување и негодување, да ја реализираат својата идеја за алтернативен настан кој ќе биде движечка сила за размена на идеи  каде ќе биде застапена глобалната еднаквост на учество.



Тие сметале дека проблемот со Art Cologne била неговата ограниченост,тоа што  голема ексклузивност и поддршка добивале  германски галерии. Како и секоја сказна и оваа има среќен крај со тоа што Art Basel во ’73-та добива статус на најголемо престижно арт шоу од ваков тип во светот.



Со учество на над 2,500 рангирани уметници и над 300 реномирани галерии  и музеи, изложени се дела од 20от и 21 век во многу дисциплини : инсталации, видео проекции, цртежи, фотографии,графити, скулптури,перформанси, слики изложени во паркови, музички настапи, филмови.. се што може да се врами во уметност. Затоа на овој настан се носат капки за очи во случај на појава на воспаление на крвните садови од непрекинато ѕверење. Во 2002 -та Мајами и   подоцна  Хонг Конг (2013) се приклучуваат на Art Basel.



Неколку дена кога се случува овој настан жителите на Мајами биле како под дејство на масовна Свангали хипноза. Поради недостиг на простор некои од настаните се случувале во  театри, продавници за книги  кои служат како импровизирани кино сали, паркови покрај плажите,галерии и музеи. Се организирале форуми, импровизирани штандови, забави и модните брендови отварале привремени продавници.