Постојано се организираат летови до
вселената, а всушност човекот успеа само еднаш да се искачи на месечината,
освен ако тоа не е заговор или шпекулација. Затоа ме радува што ја имаме
Charlotte Dellal од Charlotte Olympia која ја доближи месечината
поблиску до луѓето.
Инспирацијата за оваа лунарна есенската
колекцијa “Over
the Moon” е
црно белиот нем филм на Georges Méliès – “Le Voyage dans la lune”, а кога таа би имала саундтрак што би и
правел друштво, јас би ја избрала Moonlight Drive од Doors. Не знам како, ама успева да создаде нешто што
мене ме потсетува на цртеж од стара сликовница, со принеси од раниот
надреализам, театралност, емоции , сонлива меланхолија а во исто време толку
заводливо и без лачење плунковни жлезди романтично. Еве на што
мислам..
Charlotte како колекционер на носталгични
ретро контури која живее во ерата на стариот Холивуд , успеа да ги зграпчи и
добро завитка во својата пајажина сите оние кои се дел од модната индустрија
а и оние кои не се дел од таа каста, затоа што во секој случај не е можно
нејзините креации да поминат незабележани.
Колку и да преферирате повеќе кучиња од
мачки, не се останува рамнодушен на нејзините Kitty и Tessa. Белег што ја следи
од почетокот- освен златната пајажина на ѓонот од штиклата е смислата за хумор,
а девојката ја знае и дефиницијата на зборот забава. Секој модел е како личност
што има свој отисок на прстите, матичен број, идентитет - така и оваа
мачкеста инкарнација која е религиозно носена во три стилови.
Во 2007, по само три
години поминати од нејзиното дипломирање и предходно стекнато искуство,
работејќи за Ungaro
и Giambattista Valli , за прв пат се појави нејзината колекција. Се
до денес таа упорно изведува некоја залудена креација на чевли и други модни
додатоци, и да, ова е сосема малку за неа, но сигурно нема да останам
недоискажана во друга прилика.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.