Monday, March 9, 2015

Козмички геометриски инсталации















Инсталациите HYBYCOZO се серија на три возвишени златести полихидрони изработени од ласерски исечени парчиња железо, поставени во пустината Black Rock во Невада. Овие 3 сложени  3D геометриски  форми се дело на Yelena Filipchuk и Serge Beaulieu уметници од Сан Франциско. Инспирирани од пресекот на геометријата, физиката, уметноста,технологијата и науката се обидуваат да ја најдат смислата на животот, универзумот -односно сè што ги опкружува.




Овие инсталации се истакнуваат како визуелен призор кога се осветлени во ноќта.




Мотивот кој се провлекува е мешавина од научни цртежи и архитекурата каде доминираат влијанијата од Арапскиот свет. Нивното истражување е длабоко под влијание на патерни-шари кои се чини како секогаш да биле присутни како во античките така и во модерните култури и религии ,а математичките и научни модели се обид да се опише  природниот свет.




Ова дуо , само со тоа што ги смалија димензиите на овие полихидрони сега  тие можат да бидат присутни во сите ентериери во вид на лампи за маси, ѕидови, лустери давајќи психоделичен ефект.






После гостувањето на повеќе изложбени фестивали оваа серија инсталации сега се наоѓа во Сан Франциско како декор во дворот на Exploratorium -Музеј на наука, уметноста и човековата перцепција.



Трите геометриски форми се Trocto, Cozo и Dodi.
Dodi е додекаедар направен од 12 петтоаголници, го претставува универзумот, етерот, и се користел како алатка за медитација и израз на животот и свеста.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.