Thursday, March 19, 2015

Iris Apfel





Нејзините  џиновски наочари  долго време служат како телескоп низ кој се гледа алтернативно видување на поимот мода. Apfel  има неколку титули: дизајнерка на ентериери , стилист, модел, модна икона и е личност која ја има уредувано Белата Куќа за време на девет претседателски мандати. 




Мистерија е како постигнува да ја има насекаде. Можеби има мистични моќи,  свои двојници или во нејзините вени наместо крв тече керозин. Сеуште држи предавања, организира изложби, дизајнира и креира облека, накит, козметика и што уште не..




Во Павловиот метод, теоријата за условните рефлекси е објаснета од кучето, ѕвоното и плунката. На сличен начин, кај луѓето, звучната вибрација од зборовите старост и смрт активира испрограмирана реакција на нервна вознемиреност.

Имуна на колективниот страв од циклусот раѓање и напуштање тело, 93 годишната Iris ја има отфрлено филозофијата за телесното сфаќање на животот која проповеда дека телото е вреќа составена од кожа, коски, урина, крв и измет. За неа тоа е само ’ментална структура што се менува од еден облик во друг од ембрион во дете, од дете во млада личност, од зрел човек во старец, а нашиот вистински идентитет останува непроменет.




Iris Apfel во нејзиниот дом

Овој шарен подвижен човеколик антидепресив одбива да биде обележан како празноглава модна подвижна скулптура, која размислува само на дотерување и глуми хуманост.   













No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.