Saturday, March 21, 2015

FUTURE OF CITIES - ЕНВИРОН(МЕНТАЛ)ИСТИКА

Louis Masai Michel припаѓа во редот на еко ентузијасти. Соработката помеѓу Masai и Sony наречена #Future of Cities е обид да се повика на ментална хигиена, да се подигне свеста за последиците со кои човештвото се соочува поради исчезнувањето на пчелите.
 Нивниот број се намалува, а сепак тие имаат витална улога во животот на земјата. Звучи како сценарио за филм со апокалиптичен крај, но без пчели многу од нашите омилени овошја, зеленчук, јаткасти плодови може да исчезнат од нашите полици. Отприлика една третина од човековата исхрана зависи од растенија на кои им е потребно опрашување од пчели.




Masai како вистински проповедник патува низ светот и на свој начин пренесува битни пораки на парчиња цемент. Документира проблеми кои ги обликуваат градовите на глобално ниво , со надеж дека ќе предизвикува реакција кај луѓето со еколошка амнезија.




Иако тематиката на неговата работа се фокусира на животните, вметнат e човековиот порок на самоуништување.
Во проектот Last of my kind документира критично загрозени птици повикувајќи се на вид талентирани музичари кој е во изумирање. Прашање: зошто луѓето често не успеваат да препознаат и оддадат важност на загрозените видови кои се повеќе се во помал број а сепак жалат за смртта на одредена  славна личност.
Оние кои се потсмеваат на религиските обожавања  на божества или светци не сфатиле дека нивни божества се оваа каста на луѓе и тие изведуваат ритуал на глорификација на материјалното, сетилното уживање кое  го украсува телото но прави ништо за човекот внатре. 



Во доба на визуализација, зборовите аудитивно без да ставиме памуци на ушите се претвараат во занемени звуци, а визуелно со насоката на погледот се пригушуваат и неутрализираат.Порано сликата заменуваше 1000 зборови а сега речиси сите. Преку начините за визуелно изразување сликата прикачена на уличен или виртуелен ѕид има голема моќ преку визуелниот јазик да влијае на пошироката публика. 



Неговото неодамнешно документирање на загрозени суштества и подигање на свеста за статистиките придонесува практично да се примени поимот активизам.
Оваа серија на улична уметност е потфат кој како епидемија се прошири во Бристол, Девон, Гластонбери, Хрватска, Њујорк, Мајами,  Њу Орлеанс. Многу од овие улични фрески се направени во соработка со уметникот Jim Vision.



  Изумирањето на пчелите во 2006-та беше објаснето преку colony collapse disorder "Синдромот за изумирање на колониите" односно повозрасните пчели одлетуваа и  ги напуштаа нивните кошници за да напуштат тело. Сепак, по долгогодишни  дискусии на научни конференции за  мистериозноста на исчезнувањето заклучокот е дека равенката за главните виновници изгледа вака пастицидите+паразитите+вирусите=човекот.

Според студијата на научното списание ПЛОС постојат 121 различен вид на пестициди во 887 примероци на восок, полен, пчели и кошници.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.