Wednesday, March 18, 2015

Скулптури од пластелин

Спред дефиниција, пластелинот е синтетички мека обоена смеса за моделирање која личи на глина и е најмногу користена од децата. Отсуство на сврзникот ‘и’ проследен со името  Alexandra Bruel после зборот ‘децата’ , е пример дека некои дефиниции се застарени и им треба осовременување со цел да се прикаже сегашноста.
Bruel студирала графички дизајн во париската школа Gobelins и во тоа време имала експериментална идеја да го искористи пластелинот како лабораториски глушец , и да го искомбинира заедно со разни медиуми како што се анимацијата, фотографијата, илустрацијата , вајарството и текстилниот дизајн. Сега нејзините скулптури ги има  насекаде во планетата на рекламирањето. Во декемврискиот едиториал за британскиот Vogue таа пресликува поп арт елементи во форма на пластелински сет за накит.

Иако во физиката третиот Њутнов закон се однесува само на интеракцијата на материјалните предмети, тој го објаснува принципот на акција-реакција. Со други поими во ведските списи стари околу 5000 години тоа се кармата и реинкарнацијата- универзалниот принцип на причина и последица односно дека тоталитетот од нашите акции и нивнате пропратни реакции, во овој како и претходните животи, се оние од кои се одредува нашата иднина. 

Ако се вистинити овие кажувања  тогаш Bruel мора да  направила многу добри нешта во минатиот живот, штом има ваква дарба и можност да биде застапувана од Handsome Frank - британска агенција која е едно големопретставништво на некои од најталентираните и иновативни илустратори.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.