Thursday, March 19, 2015

Поп протагонисти - илустрации од Craig Redman


Пет временски зони, планини, езера, мориња, океан и други релјефни елементи стојат на патот помеѓу графичките дизајнери Craig Redman и Karl Maier . Решение- измислицата Skype произлезена од коалицијата на мозочната синхронизација на тројца естонци. Craig живее во Њу Јорк , вториот во Лондон, а заедно креираат илустрации и инсталации без многу филозофирање.  Таков е и соло проектот на едниот од нив.
Иконите  се меѓу првите портрети  на кои се претставени протагонистички ликови, глобално познати меѓу народите. Сега, како самостоен проект на Craig Redman, во две серии на портрети Protagonist иGuise се наоѓаат вкупно 20 карикатури инспирирани од поп културата. Protagonist е множество од десет портрети на италијански модни дизајнери,стилисти,новинари кои биле изложени во Милано во склоп на минатогодишната модната недела.

Сите тие шаренила, линии и точки се добро промислени.Портретитесе еден вид шашаво огледало кое на свој начин ја рефлектира нивната индивидуалност и специфичност. Избегнати се врамени традиционални карикатури со истакнати носеви, уши или пак јајцевидни глави на кои гледаме површни и плитки субјекти кои се појавуваат по весниците, интернет страните и тв каналите. 
Redman имал изјавено дека кај Riccardo Tisci, сакал да ја одрази неговата мрачност, додека кај Ана Piaggi, која е нацртана со многу ленти и точки, имал намера преку нив да ја изрази нејзината креативност и оригиналност на мисла.
Редман пред да ги замени природните облици на неговите субјекти со геометриски форми , предходно правел колаж од различни слики преобразуваќи ги во кубистички  деконстуирани делови од лицето, кои така споени едни до други даваат една целина.
“Портретите го расклопуваат лицето на субјектот , позајмувајќи од кубизмот и притоа направена е разлика во преуредувањето и  повторното сложување на ликот во неговата традиционална форма, фокусирајќи се на поединечните составни компоненти. “ 
 Guise вклучува портрети на луѓе од филмот, музиката, спортот и заедно со тримензионалната верзија на режисерот Michelangelo Antonioni, изложена е во Ферара, неговото родно место.
Овие геометриски илустрации и забавни карикатури на Woody Allen, папата, Lebron James,Valentino и останатите каде преовладуваат стиловите на Lichtenstein, Warhol, Romero Britto, укажуваат дека “ автентичноста е непроценлива, а оригиналноста непостоечка. Секој човек е изложен на влијанија кои ги акумулира во себе за подоцна свесно или несвесно ги користи за да оддаде понизност или критика давајќи своја интерпретација од поинаков видик.Кога не сум агностично атеистички расположена, за мене оригиналноста е произлегува од оној што го нарекуваме виша сила, Кришна, Семоќен, Алах, Бог..
Жан-Лук Годард: „Не се работи за тоа од каде си ја зел идејата - туку што си направил со неа.


No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.