Велосипедизмот го тркаламотото на аџилакот - ослободување преку одвојување. Миграција од бубашвабите во главата.
Возењето е добар начин да се апстрахираш од агрегатната состојба на желатинска маса. Живееме на еден свет - а секој се катапултира на своја планета, па вака вртејќи педали за краток период се напуштаат сопствените заплеткани плетки кои ни го забиберуваат постоењето.
1 секунда го прогласува Gi Fly Bike за најбрз електричен склопувачки велосипед.
Генезата е следнаво. Некој национален штрајк што го парализирал јавниот транспорт низ целата земја го инспирал аргентинското тројство Lucas , Agustin и Ericда истражуваат алтернативни форми на транспорт.
Решението - ретро футуризам со минималистички урбан дизајн, технологија на ниво- строго еко наклонета.. (GPS навигација/Gi FlyBike апликација/ автоматизиран заклучувачки систем, и ред други моменти за восхит ..) Видеото горе кажува се..
Звучи како афоризам од колаче со порака, но дури и банална физичка активност може да делува како психо реанимиција. #наточак
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.