Monday, March 23, 2015

Да се одвоиме од стадото досадни пасоши

“Laughter is timeless. Imagination has no age. And dreams are forever.” - Walt Disney



Léonard Combier e 24-годишен француски сликар и илустратор кој живее во Берлин. Овој самоук уметник зема обични пасоши униформирани како северно кореански фризури и ги преобразува во листови хартија исполнети со цртежи, цитати, ситни детали. Секоја чкртаница  внимателно пресметана го сецира пасошот на стотици форми кои  градат различни приказни.

Херојот во оваа приказна е силната желба да се убие досадата на едно предавање на факултет. Combier посакал да црта ама немал на што па во ситуацијата како алтернатива послужил пасошот на неговиот  другар.








 Со ова внимание на детали - доведено до крајност - уметничките дела на Léonard Combier се направени за да бидат истражени под лупа. Тие прикажуваат изобилство на мали карактери и фрази кои никнуваат од секаде.
Постои неспорна доза на црн хумор за кој Combier изјавува" Мојата цел  е да го анимирам гледачот и да го однесам во мојот свет. Сакам од секое дело да направам лавиринт , во кој  секој би можел да скита и открива сите дупки и шуплини".




“If anyone wants to send me their passport by post, I would be very happy to draw on it,”


Овој процес го споредува со тетовирање, затоа што овој документ ќе биде ишаран со цртежи кои ќе живеат како тетоважа до истекот на важење.
На "кожата" на оваа меѓународна потврда на личниот идентитет, може да се сретнат смешни, морбидни чудовишта , вонзенмјани, микроскопски форми, очни јаболка кои совршено се  инкорпорирани во склоп со постоечките печати.


“I really like the idea of having my drawings on the most official document of someone I don’t know"


Добрата вест за крај. Блогот Doodlers Anonymous испрати отворена покана за сите оние кои имаат валиден пасош да му го испратат по пошта и иако неговите дела се продаваат помеѓу 200-5000евра,  тој оваа услуга нема да ја наплати. Она што ги прави овие илустрации посебни е тоа што не висат во галерии, туку во нечии џебови, фиоки..
 Единствениот услов е валидноста на пасошот , затоа што сопственикот ќе ги има цртежите на дофат барем во наредните 10 години. 







Combier вградува смели пораки во неговите цртежи кои ја тестираат острината и смислата за хумор на граничните офицери: "Je suis trés fourbe!" -"Јас сум многу лукав" веднаш под сликата за виза  ; или "Je n’ai pas le droit d’ecrire sur mon passeport, donc arretez moi et faites moi aller en prison tout suite” - Јас немам право да пишувам на мојот пасош, па запрете  ме или ставете ме во затвор веднаш ; или, едноставно, "Апсете ме ве молам, сакам да одам во затвор сега."

Иако не се дозволени никакви промени на патните исправи досега на никој не му бил забранет влезот во друга држава.




Зa Combier..
На прв поглед, неговите платна изгледаат како еден простран неред, но кога гледачот се приближува, тој постепено се нурнува во цртежите и може да види подалеку од LSD шаренилото. Кога ќе се помине преку адреналинот на боите кои доминираат на преден план тогаш се открива бескрајната дисперзија скриени детали.












Sunday, March 22, 2015

"Art Basel"-Масовен уметнички аџилак


Ако порано уметноста себично се чувала  под сентиментален притвор во  музеи и галерии , пред извесно време нивните сопственици  доживеале просветлување, или затоа што помислиле дека смислата да се биде во служба на уметноста не е само за арт фанатици, или биле комерцијално мотивирани.  Сеедно, Art Basel е местото каде на едно место се наоѓа дел од иновативноста на многу креативни умови,  што сигурно е премногу да се апсорбира одеднаш.



Приказната за Art Basel започнува вака, си биле неколку галеристи кои живееле во Базел. Во 1970-та година  како револт спрема тогашниот саем за меѓународно изложување на модерна и современа уметност- германскиот Art Cologne, одлучуваат како замена за изгубеното време во јадосување и негодување, да ја реализираат својата идеја за алтернативен настан кој ќе биде движечка сила за размена на идеи  каде ќе биде застапена глобалната еднаквост на учество.



Тие сметале дека проблемот со Art Cologne била неговата ограниченост,тоа што  голема ексклузивност и поддршка добивале  германски галерии. Како и секоја сказна и оваа има среќен крај со тоа што Art Basel во ’73-та добива статус на најголемо престижно арт шоу од ваков тип во светот.



Со учество на над 2,500 рангирани уметници и над 300 реномирани галерии  и музеи, изложени се дела од 20от и 21 век во многу дисциплини : инсталации, видео проекции, цртежи, фотографии,графити, скулптури,перформанси, слики изложени во паркови, музички настапи, филмови.. се што може да се врами во уметност. Затоа на овој настан се носат капки за очи во случај на појава на воспаление на крвните садови од непрекинато ѕверење. Во 2002 -та Мајами и   подоцна  Хонг Конг (2013) се приклучуваат на Art Basel.



Неколку дена кога се случува овој настан жителите на Мајами биле како под дејство на масовна Свангали хипноза. Поради недостиг на простор некои од настаните се случувале во  театри, продавници за книги  кои служат како импровизирани кино сали, паркови покрај плажите,галерии и музеи. Се организирале форуми, импровизирани штандови, забави и модните брендови отварале привремени продавници.




Saturday, March 21, 2015

FUTURE OF CITIES - ЕНВИРОН(МЕНТАЛ)ИСТИКА

Louis Masai Michel припаѓа во редот на еко ентузијасти. Соработката помеѓу Masai и Sony наречена #Future of Cities е обид да се повика на ментална хигиена, да се подигне свеста за последиците со кои човештвото се соочува поради исчезнувањето на пчелите.
 Нивниот број се намалува, а сепак тие имаат витална улога во животот на земјата. Звучи како сценарио за филм со апокалиптичен крај, но без пчели многу од нашите омилени овошја, зеленчук, јаткасти плодови може да исчезнат од нашите полици. Отприлика една третина од човековата исхрана зависи од растенија на кои им е потребно опрашување од пчели.




Masai како вистински проповедник патува низ светот и на свој начин пренесува битни пораки на парчиња цемент. Документира проблеми кои ги обликуваат градовите на глобално ниво , со надеж дека ќе предизвикува реакција кај луѓето со еколошка амнезија.




Иако тематиката на неговата работа се фокусира на животните, вметнат e човековиот порок на самоуништување.
Во проектот Last of my kind документира критично загрозени птици повикувајќи се на вид талентирани музичари кој е во изумирање. Прашање: зошто луѓето често не успеваат да препознаат и оддадат важност на загрозените видови кои се повеќе се во помал број а сепак жалат за смртта на одредена  славна личност.
Оние кои се потсмеваат на религиските обожавања  на божества или светци не сфатиле дека нивни божества се оваа каста на луѓе и тие изведуваат ритуал на глорификација на материјалното, сетилното уживање кое  го украсува телото но прави ништо за човекот внатре. 



Во доба на визуализација, зборовите аудитивно без да ставиме памуци на ушите се претвараат во занемени звуци, а визуелно со насоката на погледот се пригушуваат и неутрализираат.Порано сликата заменуваше 1000 зборови а сега речиси сите. Преку начините за визуелно изразување сликата прикачена на уличен или виртуелен ѕид има голема моќ преку визуелниот јазик да влијае на пошироката публика. 



Неговото неодамнешно документирање на загрозени суштества и подигање на свеста за статистиките придонесува практично да се примени поимот активизам.
Оваа серија на улична уметност е потфат кој како епидемија се прошири во Бристол, Девон, Гластонбери, Хрватска, Њујорк, Мајами,  Њу Орлеанс. Многу од овие улични фрески се направени во соработка со уметникот Jim Vision.



  Изумирањето на пчелите во 2006-та беше објаснето преку colony collapse disorder "Синдромот за изумирање на колониите" односно повозрасните пчели одлетуваа и  ги напуштаа нивните кошници за да напуштат тело. Сепак, по долгогодишни  дискусии на научни конференции за  мистериозноста на исчезнувањето заклучокот е дека равенката за главните виновници изгледа вака пастицидите+паразитите+вирусите=човекот.

Според студијата на научното списание ПЛОС постојат 121 различен вид на пестициди во 887 примероци на восок, полен, пчели и кошници.

Friday, March 20, 2015

Post-it


Се цртаат рамки на кутии а во нив ѕидни прегради се градат да заградат.  Станарска должност е да се најде излез од просторната апатија. Бројот 8024 квадрати на голите ѕидови и слават крај на едноличноста. Залепени се желбени жигови од колективно одбраните суперхерои. Ben Brucker -дизајнер од Сан Франциско во мислите плетел планови и дизајни , во Photoshop направил пиксел верзии од омилените ликови на тимот со кој работи и заедно со колегите за еден ден ги позиционирале празните квадрати. Така една стерилна просторија доживеала херојски препород. 
















Thursday, March 19, 2015

Iris Apfel





Нејзините  џиновски наочари  долго време служат како телескоп низ кој се гледа алтернативно видување на поимот мода. Apfel  има неколку титули: дизајнерка на ентериери , стилист, модел, модна икона и е личност која ја има уредувано Белата Куќа за време на девет претседателски мандати. 




Мистерија е како постигнува да ја има насекаде. Можеби има мистични моќи,  свои двојници или во нејзините вени наместо крв тече керозин. Сеуште држи предавања, организира изложби, дизајнира и креира облека, накит, козметика и што уште не..




Во Павловиот метод, теоријата за условните рефлекси е објаснета од кучето, ѕвоното и плунката. На сличен начин, кај луѓето, звучната вибрација од зборовите старост и смрт активира испрограмирана реакција на нервна вознемиреност.

Имуна на колективниот страв од циклусот раѓање и напуштање тело, 93 годишната Iris ја има отфрлено филозофијата за телесното сфаќање на животот која проповеда дека телото е вреќа составена од кожа, коски, урина, крв и измет. За неа тоа е само ’ментална структура што се менува од еден облик во друг од ембрион во дете, од дете во млада личност, од зрел човек во старец, а нашиот вистински идентитет останува непроменет.




Iris Apfel во нејзиниот дом

Овој шарен подвижен човеколик антидепресив одбива да биде обележан како празноглава модна подвижна скулптура, која размислува само на дотерување и глуми хуманост.   













Поп протагонисти - илустрации од Craig Redman


Пет временски зони, планини, езера, мориња, океан и други релјефни елементи стојат на патот помеѓу графичките дизајнери Craig Redman и Karl Maier . Решение- измислицата Skype произлезена од коалицијата на мозочната синхронизација на тројца естонци. Craig живее во Њу Јорк , вториот во Лондон, а заедно креираат илустрации и инсталации без многу филозофирање.  Таков е и соло проектот на едниот од нив.
Иконите  се меѓу првите портрети  на кои се претставени протагонистички ликови, глобално познати меѓу народите. Сега, како самостоен проект на Craig Redman, во две серии на портрети Protagonist иGuise се наоѓаат вкупно 20 карикатури инспирирани од поп културата. Protagonist е множество од десет портрети на италијански модни дизајнери,стилисти,новинари кои биле изложени во Милано во склоп на минатогодишната модната недела.

Сите тие шаренила, линии и точки се добро промислени.Портретитесе еден вид шашаво огледало кое на свој начин ја рефлектира нивната индивидуалност и специфичност. Избегнати се врамени традиционални карикатури со истакнати носеви, уши или пак јајцевидни глави на кои гледаме површни и плитки субјекти кои се појавуваат по весниците, интернет страните и тв каналите. 
Redman имал изјавено дека кај Riccardo Tisci, сакал да ја одрази неговата мрачност, додека кај Ана Piaggi, која е нацртана со многу ленти и точки, имал намера преку нив да ја изрази нејзината креативност и оригиналност на мисла.
Редман пред да ги замени природните облици на неговите субјекти со геометриски форми , предходно правел колаж од различни слики преобразуваќи ги во кубистички  деконстуирани делови од лицето, кои така споени едни до други даваат една целина.
“Портретите го расклопуваат лицето на субјектот , позајмувајќи од кубизмот и притоа направена е разлика во преуредувањето и  повторното сложување на ликот во неговата традиционална форма, фокусирајќи се на поединечните составни компоненти. “ 
 Guise вклучува портрети на луѓе од филмот, музиката, спортот и заедно со тримензионалната верзија на режисерот Michelangelo Antonioni, изложена е во Ферара, неговото родно место.
Овие геометриски илустрации и забавни карикатури на Woody Allen, папата, Lebron James,Valentino и останатите каде преовладуваат стиловите на Lichtenstein, Warhol, Romero Britto, укажуваат дека “ автентичноста е непроценлива, а оригиналноста непостоечка. Секој човек е изложен на влијанија кои ги акумулира во себе за подоцна свесно или несвесно ги користи за да оддаде понизност или критика давајќи своја интерпретација од поинаков видик.Кога не сум агностично атеистички расположена, за мене оригиналноста е произлегува од оној што го нарекуваме виша сила, Кришна, Семоќен, Алах, Бог..
Жан-Лук Годард: „Не се работи за тоа од каде си ја зел идејата - туку што си направил со неа.


Wednesday, March 18, 2015

Скулптури од пластелин

Спред дефиниција, пластелинот е синтетички мека обоена смеса за моделирање која личи на глина и е најмногу користена од децата. Отсуство на сврзникот ‘и’ проследен со името  Alexandra Bruel после зборот ‘децата’ , е пример дека некои дефиниции се застарени и им треба осовременување со цел да се прикаже сегашноста.
Bruel студирала графички дизајн во париската школа Gobelins и во тоа време имала експериментална идеја да го искористи пластелинот како лабораториски глушец , и да го искомбинира заедно со разни медиуми како што се анимацијата, фотографијата, илустрацијата , вајарството и текстилниот дизајн. Сега нејзините скулптури ги има  насекаде во планетата на рекламирањето. Во декемврискиот едиториал за британскиот Vogue таа пресликува поп арт елементи во форма на пластелински сет за накит.

Иако во физиката третиот Њутнов закон се однесува само на интеракцијата на материјалните предмети, тој го објаснува принципот на акција-реакција. Со други поими во ведските списи стари околу 5000 години тоа се кармата и реинкарнацијата- универзалниот принцип на причина и последица односно дека тоталитетот од нашите акции и нивнате пропратни реакции, во овој како и претходните животи, се оние од кои се одредува нашата иднина. 

Ако се вистинити овие кажувања  тогаш Bruel мора да  направила многу добри нешта во минатиот живот, штом има ваква дарба и можност да биде застапувана од Handsome Frank - британска агенција која е едно големопретставништво на некои од најталентираните и иновативни илустратори.

Monday, March 9, 2015

Козмички геометриски инсталации















Инсталациите HYBYCOZO се серија на три возвишени златести полихидрони изработени од ласерски исечени парчиња железо, поставени во пустината Black Rock во Невада. Овие 3 сложени  3D геометриски  форми се дело на Yelena Filipchuk и Serge Beaulieu уметници од Сан Франциско. Инспирирани од пресекот на геометријата, физиката, уметноста,технологијата и науката се обидуваат да ја најдат смислата на животот, универзумот -односно сè што ги опкружува.




Овие инсталации се истакнуваат како визуелен призор кога се осветлени во ноќта.




Мотивот кој се провлекува е мешавина од научни цртежи и архитекурата каде доминираат влијанијата од Арапскиот свет. Нивното истражување е длабоко под влијание на патерни-шари кои се чини како секогаш да биле присутни како во античките така и во модерните култури и религии ,а математичките и научни модели се обид да се опише  природниот свет.




Ова дуо , само со тоа што ги смалија димензиите на овие полихидрони сега  тие можат да бидат присутни во сите ентериери во вид на лампи за маси, ѕидови, лустери давајќи психоделичен ефект.






После гостувањето на повеќе изложбени фестивали оваа серија инсталации сега се наоѓа во Сан Франциско како декор во дворот на Exploratorium -Музеј на наука, уметноста и човековата перцепција.



Трите геометриски форми се Trocto, Cozo и Dodi.
Dodi е додекаедар направен од 12 петтоаголници, го претставува универзумот, етерот, и се користел како алатка за медитација и израз на животот и свеста.