
Главните улоги во документарецот Advanced
Style на Ari Seth Cohen ги имаат +60 годишни,меѓу кои Ilona
Royce Smithkin, Joyce Carpati, Linda Rodin чии размислувања и
креативност се како замрзната храна ставена во фрижидер која тешко се расипува.
Дизајнерката Karen Walker здосадена
од заблудaта и едноличната поврзаност на младоста со убавината во модната
индустрија, за каталогот на колекцијата наочари пролет/лето ,го
има ангажирано Cohen. Тој има избрано 12 модели на возраст од 65 до
92 години кои се интервјуирани и фотографирани во своите домови.Колекцијата
Karen Walker Forever е ретроспектива од стари но и куп од нови модели , 31 на
број.
Како што фонографот служи за снимање тонови и
гласови заради нивна репродукција, овие жени се човеколики мутации на
оваа справа. Низ нивното постоење на планетата Земја е снимен запис на еден
долгометражен инстпиративен животен стил на кој останатите можат да вежбаат
повторување.
Ги има многу на број кои живеат во корупки,
фасади зад кои, мижитатара- нивното вистинско јас. ’Како што е внатрешноста на
главицата кромид опколена со бројни слоеви, тие фасади се само бескорисни лушпи
на стварниот живот.’ Документарецот и блог страницата Advanced Style видливо укажува дека
не станува збор за наки(т)нџурени геријатриски старици туку за жени
кои имаат сонце за три светови, неврзани за тие лушпи.
Видеоод официјалната најава за документарниот
филм.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.